Прилепските социјалдемократи побараа намалување на цената на водата

Прес-конференција на Филип Попоски, портпарол на ОО на СДСМ Прилеп

Почитувани,

Општинската организација на СДСМ Прилеп, денеска до претседателот на Управниот одбор и до директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, достави барање за свикување на итна седница на Управниот одбор, со цел носење на Одлуки за враќање на цените на услугите на јавното претпријатие, на нивото на кое беа пред нивното покачување на 22.09.2022 година.

Донесените Одлуки, Управниот одбор веднаш да ги испрати до градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески и до претседателот на општинскиот Совет, Дејан Проданоски, заради нивно поставување на дневен ред на седницата која ќе се одржи во текот на следната недела.

Да потсетиме, под изговор дека заради повисоката цена на електричната енергија драстично се зголемиле трошоците на ЈКП „Водовод и канализација“, Управниот одбор предложи, а владејачкото мнозинство во Советот на општина Прилеп предводено од ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми цената на водата за пиење, надоместокот за прочистување на отпадните води, за собирање и одведување на урбаните отпадни води, како и надоместокот за одржување на водомерите.

Минатата недела Владата ја намали висината на цената на струјата која ќе ја плаќаат јавните претпријатија за водоснабдување и прочистителните станици, на 95 евра за мегават – час.

Од тие причини, ги повикуваме градоначалникот Борче Јовчески и советниците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат предлогот на СДСМ и Коалицијата за намалување на цените на услугите на „Водовод и канализација“, односно за нивно враќање на нивото пред 22 септември 2022 година.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …