Прилепските советници ја одржаа 36.Итна седница

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа 36.Итна седница, на која советниците расправаа по 7 точки од дневниот ред.

Членовите на општинскиот Совет ја усвоија предлог – одлуката за давање согласност за кофинансирање во имплементација на проектот „Зајакнување на техничките капацитети за собирање на комунален отпад во општините Прилеп, Ресен и Демир Хисар“. Со овој проект, Општина Прилеп ќе добие комунално возило за собирање на смет во вредност од 4.463.000 денари, при што Општината ќе учествува со сопствени средства во висина од 328.000 денари.

На денешната седница советниците дадоа согласност за измена на статутот на ЈКП „Комуналец“ и на ООУ „Кире Гаврилоски“, за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП „Водовод и канализација“, а ја усвоија и предлог-одлуката за формирање на локалнa комисиja за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во општина Прилеп.

Членовите на Советот на општина Прилеп дадоа „виза“ за измена и дополнување на Годишниот план за вработување на ЈКП „Комуналец“ Прилеп, како и за продажба на 830 обични акции кои ова јавно претпријатие ги поседуваше во ТЕКСТИЛ „ЕЛМА“ ДОО Прилеп.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …