Прилепските советници ги потврдија Решенијата за формирање комисии за процена на штетите од невремето во 2018 и 2019 година

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа 35.Итна седница, на чиј дневен ред се најдоа две точки.

Откако советниците ја изгласаа оправданоста на итноста на седницата, без дискусија донесоа едногласна одлука за потврдување на Решенијата за формирање на комисии за процена на штетите настанати со невремето кое го зафати поширокиот регион на општина Прилеп во 2018 и 2019 година.

Исто така, едногласно и без дискусија, советниците ја усвоија предлог-одлуката за проширување на средствата на буџетот на Општина Прилеп за 2019 година.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …