Со литературното читање и изведбата на хуманитарната претстава „Приказна за Прилеп“ во театарот „Војдан Чернодрински“, СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ ги започна активностите за одбележување на својот патрон празник. Во склоп на чествувањата се и спортските натпревари кои денеска ќе се одржат во училишната спортска сала, како и натпреварот во шах.
Прославата на патрониот празник ќе продолжи и утре, сабота 21 декември, со полагање цвеќе на Могилата на непобедените и свечената програма која во чест на патронот ќе се одржи во киното „Мис Стон“.
По повод 111 годишнината од раѓањето на Кочо Рацин, својот патрон празник денеска го славеше и прилепското основно училиште кое го носи името на големиот македонски книжевник и поет. Свечената програма која се одржа во киното „Мис Стон“, а за која учениците од ова училиште подготвија пригодна програма, помина во знакот на 80 годишнината од издавањето на најпознатото дело на Кочо Рацин, стихозбирката „Бели мугри“.