Прилепското обвинителство поведе постапка за ловџијата кој вчера застрела друг ловџија

Прилепското обвинителство поведе постапка за ловџијата кој вчера застрела друг ловџија

Соопштение на Основното јавно обвинителство – Прилеп:

Основното јавно обвинителство – Прилеп, поведе постапка против едно лице  за кривично дело „Убиство од небрежност“, од член 126 од Кривичниот законик.

Осомничениот, прилепчанец на возраст од 50 години, на 17.01.2021 година околу 10:15 часот, во местото викано Отин, во близина на село Витолиште, Мариово,  застрелал лице со кое заедно бил на лов на дивеч. Од повредите починал 25-годишен жител на Прилеп.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот, издаде наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта.

Обвинителството до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп, поднесе предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот и тоа, обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во ОВР Прилеп и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Прочитајте повеќе

Филипче во Гевгелија

Д-р Филипче од Гевгелија: Како пратеник ќе останам достапен за грижите, но и за идеите на граѓаните

Дочекан со аплаузи и овации, носителот на листа на Изборна единица 4, д-р Венко Филипче …