Прилепското ОУ „Блаже Конески“ во милионски долгови

Прилепското ОУ „Блаже Конески“ во милионски долгови

Катастрофално лоша финансиска состојба и неисплатени обврски, по разни основи. Вкупен долг во висина од 3 милиони денари направила поранешната директорка на ООУ „Блаже Конески“, Марија Дулеска, а сега наставник во ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Фактурите покажале сосем спротивна слика, за разлика од онаа лажна, која што во јавноста со години се градела за ексдиректорката, за нејзиното наводно одговорно и домаќинско работење, како што на денешната прес конференција истакна в.д. директорката Весна Мојсоска, која што дојде на местото на Дулеска.

„Поранешната директорка речиси цела година не ги плаќала сметките за вода, што на крајот на годината ја достигнале сумата од 750 илјади денари. Покрај тоа, Дулеска оставила долг од 400 илјади денари за нафта за греење и 250 илјади денари за неплатена струја. Со извршни решенија од сметката на училиштето се наплатени 200 илјади денари само за адвокатски трошоци, поради што долг период беше блокирана сметката. А, училиштето има долг од 160 илјади денари и кон ЈП ПУП, поради неплатен превоз за наставничкиот кадар“, изјави Мојсоска.

Ексдиректорката оставила долг од над 75 илјади денари кон Центарот за култура „Марко Цепенков“ и за изнајмување на салата за одржување на училишните смотри. Наместо парите за влезниците, што родителите ги плаќале од сопствен џеб да завршат на сметка на Центарот за култура,овие пари како што рече Мојсоска, биле трошени за друга сосем друга намена.

На повеќе угостителски објекти во градот, училиштето „Блаже Конески“ со ексдиректорката, создало долг од огромни, половина милион денари. Дулеска не штедела ниту на трошоци за медиумите блиски до поранешната власт. За таа цел, потрошени биле околу 100 илјади денари, пари што кои завршиле на сметките на порталот „Маркукуле“, неделникот „Зенит“ и ТВ „Канал Визија“.

Според Мојсоска, врв и потврда за несовесното раководење на поранешната директорка Дулеска со ова основно училиште, е податокот дека таа потрошила 36 илјади денари,пари кои што во 2014 година, НЛБ Тутунска банка по грешка ги префрлила, на сметката од училиштето. Иако ексдиректорката била навремено известена за настанатата грешка, и требало да ги врати парите на банката итно, Дулеска се’ до нејзиното заминување од функцијата, не го направила тоа.

ВД директорката Мојсоска, ги повика надлежните институции да ги преземат сите мерки за расчистување на евентуалните финансиски злоупотреби во училиштето.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …