Притвор за Мијалков и за Ибраими по пресудата за „Титаник 2“

Притвор за Мијалков и за Ибраими по пресудата за „Титаник 2“

Кривичниот суд донесе одлука за изрекување на мерки притвор за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими по барање на обвинителката Фатиме Фетаи за случајот „Титаник 2“.

Мијалков кој е во домашен притвор денеска беше осуден на 3 години затвор за примање награда за противзаконито влијание во случајот кој се однесува на изборните нерегуларности во 2013 година.

Ибраими беше осуден на највисоката казна 4 години и 6 месеци за злоупотреба на службена положба и овластување. Неговите поранешни колеги во ДИК, Влатко Зајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска за истото кривично дело добија по 3 години затвор. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи беше обвинет за е осуден на 3 години и 2 месеци. Тие за разлика од Ибараими и Мијалков добија мерки за претпазливост и имаат обрска да се јавуваат во судот.

Според обвинителниот акт, Мијалков го искористил своето реално влијание и телефонски побарал од Мендух Тачи да влијае врз членот од неговата политичка партија во ДИК да гласа за носење на одлука во корист на партијата ВМРО-ДПМНЕ по приговор за гласањето на избирачкото место 1727 во Струмица, со што кандидатот Васил Пишев се стекнал со противзаконито право за натамошно учество на изборите.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска изрази сериозна загриженост поради директните закани по животот, …