Приведен капетанот на бродот вмешан во несреќата во Будимпешта

Приведен капетанот на бродот вмешан во несреќата во Будимпешта

Унгарската полиција соопшти дека го привела капетанот на бродот кој учествувал во сударот со туристичкото бротче на Дунав во Будимпешта, при што 7 јужнокорејски туристи загинале, а дваесетина се водат за исчезнати.

„Капетанот на бродот е сослушан како осомничено лице. По сосолушувањето 64 годишниот капетан од Одеса е префрлен во притвор“, се наведува со соопштението на полицијата. Бродот за седум секунди потонал во средата во центарот на Будимпешта, кај зградата на унгарскиот парламент.

Според зборовите на портпаролот на Унгарската национална амбулантна служба, Пал Дорфи, мали се шансите за извлекување на преживеани лица. Причина за овој заклучок не е само ниската температура во Дунав, туку и силните водени струи, испарувањата над површината на реката, но и недоволно топлата облека која на себе ја носеле исчезнатите патници од потонатиот мал туристички брод.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …