полиција МВР Полициски

Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата

На улица „29 Ноември“ во Кичево, тој со закана со остар предмет сопрел такси возило и се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал ученици и вработени

На 16.04.2025 во 11.45 часот на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Е.З.(28) од Кичево. На улица „29 Ноември“ во Кичево, тој со закана со остар предмет сопрел такси возило и се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал ученици и вработени, а нападнал и случаен минувач на Градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во Медицинскиот центар во Кичево, на кого му нанел повреда со остриот предмет.

Подоцна, откако бил приведен, во службени простории на ОВР Кичево Е.З. физички нападнал и полициски службеник. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Зградата на МВР Полиција

Тетовец изнудувал пари од својата партнерка под закана дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии

Пријавениот изнудувал пари од својата 44 годишна партнерка, заканувајќи ѝ се дека ќе објави нејзини …