Приведен насилникот крвнички тепаше жена

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Според неофицијални информации, насилникот е од Радовиш, а жената која ја удира и чиј глас се слуша во позадина, наводно била бремена

Откако вчера на социјалните мрежи стана вирално видео на кое маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“, веднаш беше приведен.

Додека се чека официјално соопштение од МВР за случајот, според неофицијални информации, насилникот е од Радовиш, а жената која ја удира и чиј глас се слуша во позадина, наводно била бремена.

Со случајот се запознаени и во Јавното обвинителство, од каде што велат дека ќе ги разгледаат сите околности. Оттаму информираат дека жената денеска е повикана на распит во Обвинителството.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

УСС при УКИМ и Студентското пленумско движење утре ќе го поддржат „Маршот за ангелите“

УСС при УКИМ и Студентското пленумско движење утре ќе го поддржат „Маршот за ангелите“

Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ќе го поддржи најавениот протестен …