Продолжува изборот на нов папа

Продолжува изборот на нов папа

По неуспешното гласање и првата ноќ во изолација од остатокот од светот, околу 130 кардинали на конклавата денеска продолжуваат со потрагата по нов папа. Од раните вечерни часови во средата, кардиналите под 80 години, кои имаат право на глас, се на конклава. Што значи дека се изолирани од светот се’ до изборот на нов поглавар на 1,4 милијарди католици во светот.

За денеска се закажани до четири круга гласање. По секои два круга гласање се испраќаат чадни сигнали. Тие се очекуваат денеска околу пладне или навечер – доколку конклавата трае толку долго.

133 кардинали го избираат наследникот на папата Франциско
133 кардинали го избираат наследникот на папата Франциско

Во исчекување на чадниот сигнал

Што се случува за време на гласањето во Систинската капела во Ватикан, јавноста дознава само преку сигнали со чад. Вечерта, за првпат се појави црн чад од специјално поставен оџак на покривот – сигнал за гласање без потребното мнозинство.

Според Ватикан, во средата навечер, 45.000 луѓе на плоштадот Свети Петар – гледајќи кон покривот на Систинската капела – со нетрпение гледале каква боја ќе биде првиот сигнал со чад од конклавата.

Сигналот пристигна дури по добри три часа откако вратите на капелата се затворија. Дотогаш, присутните го изразуваа своето нетрпение со аплауз и извици. Се слушна смеа кога авион остави бели траги од кондензација на небото зад оџакот.

Последните конклави траеја два до три дена

Многумина очекуваат новиот папа да биде избран оваа недела: од 1960-тите, сите конклави завршуваат по два или три дена. Меѓутоа, покојниот папа Франциско назначи толку многу нови кардинали, вклучително и оние од далечни земји, така што многу електори сè уште не се познаваат добро. Конклавата е голема и меѓународно застапена како никогаш досега.

Кардиналите од целиот свет кои можат да гласаат мора да бидат помлади од 80 години. За изборот на 267-от папа во две илјади години црковна историја потребно е двотретинско мнозинство – односно 89 гласа.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Самит на Европската политичка заедница во Тирана

Самит на Европската политичка заедница во Тирана

На денешниот (16.05) самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Тирана се поканети 47 шефови …