Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за предлог-измените и дополнувањата на буџетот.

Пратениците на опозицијата поднесоа 180 амандмани и ја критикуваат власта за слабиот економски пораст и нереализирање на капиталните инвестиции.

Со предложениот ребаланс на буџетот од страна на Владата, најголема алокација на средства има за општините за кои се обезбедува финансиска поддршка во висина од 3,020 милијарди денари, со цел намалување на доспеаните, а неплатени обврски.

Денеска е трет ден од расправата во матичната комисија, а законски најмногу се предвидени до 10 дена.

Извор: МЕТА