Времето во текот на денешниот ден ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен во југоисточните делови.
Во текот на утрешниот ден ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Актуелно предупредување од УХМР: Под влијание на многу топла воздушна маса до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има извесно зголемување на облачноста. Од утре во некои реони ќе биде активирано и портокалово ниво за опасност од високи температури.