Петар Џобоски

Продолжува потрагата по 10-годишниот Петар Џобоски

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по 10-годишниот Петар Џобоски, за кого неговиот родител пријавил дека во петокот вечерта дека се оддалечил од домот во с. Врбско, општина Прилеп.

Веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на детето и во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон.

Во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови.

Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето.

МВР апелира до сите граѓани, доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …