Продолжува судењето за нападот врз Села

Продолжува судењето за нападот врз Села

Во Основен суд Скопје 1, познат и како Кривичен суд, денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието.

На денешното рочиште се очекува да сведочат тројца сведоци, меѓу кои и пратеникoт на СДСМ, Мухамед Зекири.

На минатото судење, што траеше шест часа, беа сослушани тројца сведоци, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Зградата на МВР Полиција

Тетовец изнудувал пари од својата партнерка под закана дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии

Пријавениот изнудувал пари од својата 44 годишна партнерка, заканувајќи ѝ се дека ќе објави нејзини …