Професорки од прилепската Гимназија на обуки во Холандија и Финска

Професорки од прилепската Гимназија на обуки во Холандија и Финска

На обуките кои во мај оваа година беа реализирани  во Утрехт/Амстердам, меѓу наставниците од Италија, Норвешка, Романија, Шпанија, Грција, Полска, Литванија и Германија и во Вантаа/Хелсинки, покрај нивните колеги од Шпанија, Италија, Литванија, Србија, Грција, Холандија и Бугарија, учествуваа и професорките од СОУ Гимназија „Мирче Ацев” Прилеп, Марина Попоска и Габриела Пацаноска.

Професорки од прилепската Гимназија на обуки во Холандија и ФинскаДвете мобилности беа опфатени во проектот на Гимназијата насловен како „Let’s go further – Improving digital skills and developing an integrated curriculum” (Ајде да одиме понатаму – Подобрување на дигиталните вештини и развивање интегрирани курикулуми), во рамките на ERASMUS+ програмата, финансиски поддржан од ЕУ и менаџиран од Националната aгенција за европски образовни програми и мобилност.

Професорките беа активно вклучени во реализација на обуките, каде преку работилници, интерактивно учење и посети во училишта и институции, се стекнаа со нови знаења и вештини за интегрирање на наставните планови и програми и дигитални вештини за модернизирање на наставата во 21 век.

Професорката Марина Попоска престојуваше во Утрехт/Амстердам, на обука со наслов „Digital turn: How to make your school more digital”, а професорката Габриела Пацаноска во Вантаа/Хелсинки, на обуката „Integrated curriculum – Teaching global skills”.

Професорки од прилепската Гимназија на обуки во Холандија и ФинскаЦелта на обуките е зголемување на знаењето и вештините на наставниот кадар во областа на интегрирани курикулуми и дигитални знаења, во насока на зголемување на мотивацијата и интересот за учење на учениците во новата дигитална ера.

Со ваквите проекти за нови методи и современи пристапи во наставата се подобрува квалитетот на наставата, а учениците се во тек со модерните европски и светски текови во образованието.

 

 

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …