Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје

Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе делови од Скопје. Досега се регистрирани 26 случаи.

Епидемијата е прогласена во Кисела Вода, Гази Баба и Бутел, како и во приградската Илинден. Од регистрираните случаи, 25 се од Скопје, а еден е од Велес.

Поголемиот дел од заболените се мажи постари од 60 години, кои претежно работеле земјоделски и градинарски работи во приквечерните и раните утрински часови.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје досега се регистрирани 29 пациенти, од кои пет се во тешка состојба и се на механичка вентилација. Во текот на викендот починал и 83-годишен маж со западнонилска треска и други заболувања.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Мицкоски Кочоска јавниот долг

СДСМ: Кочовска и Мицкоски незаконски го фингираат јавниот долг

Откако Социјалдемократскиот сојуз на Македонија јавно објави документ за ново планирано задолжување од 1,3 милијарди …