атлетичари 2021

Прогласени најдобрите атлетичари во Македонија за 2021

Атлетската федерација на Македонија ги прогласи најуспешните и најдобрите атлетичари за 2021 година во младинските и сениорски категории во машка и женска конкуренција. Претседателката на федерацијата Александра Војнеска Зикова во своето обраќање на церемонијата, која вчера се одржа во Дојран, истакна дека оваа година е една од најуспешните бидејќи се соборени повеќе национални рекорди, а освоени се и медали на повеќе меѓународни натпреварувања.

Прогласени најдобрите атлетичари во Македонија за 2021
Фото: Атлетска федерација на Македонија

За најдобра атлетичарка беше прогласена Дрита Ислами од АК Работнички, која на Европското екипно првенство во дисциплината 400 метри со пречки по втор пат успеа да го собори сениорскиот рекорд и се пласираше на првото место.

За најдобар атлетичар беше прогласен Дарио Ивановски од АК Делта, кој е Балкански Шампион во дисциплината на 3.000 метри во сала и има соборени 10 национални рекорди.

За најуспешни млади атлетичари беа прогласени Михаела Лазаровска од АК Центар и Адријан Исмаили од АК Камјани. Кај останатите помладите спортисти признанија добија Ана Божиновска од АК Центар и Владимир Битољану од АК Работнички.

Прогласени најдобрите атлетичари во Македонија за 2021
Фото: Атлетска федерација на Македонија

Во пионерска конкуренција за најуспешни беа прогласени Снежана Тиневска од АК Работнички од Скопје, Брајан Авија од АК 7ми Мај, Јумна Фетаху од АК 7ми Мај и Марко Атанасовски од АК Работнички.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …