Прогноза: Демохристијаните и Социјалдемократите на изборите во Германија рамо до рамо!

Прогноза: Демохристијаните и Социјалдемократите на изборите во Германија рамо до рамо!

Според првите прогнози по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) освоија по 25% од гласовите.

На трето место се Зелените со освоени 15% од гласовите. Либералите (ФДП) и деснопопулистичката АфД имаат по 11% гласови, Левица освои 5%, а преостанатите 8% од гласовите ги делат другите партии кои се тркаа за место во Бундестагот.

До 18 часот денеска својот глас можеа да го дадат 60,4 милиони граѓани со право на глас во Германија. Канцеларката Ангела Меркел (ЦДУ), по 16 години на чело на владата, не се кандидираше за реизбор. Се очекуваат тешки коалициски преговори, а можни се различни коалиции.

На овие парламентарни избори излегоа вкупно 47 партии. Секој од избирачите има два гласа. Во 299 изборни единици во целата земја со првиот свој глас избирачот гласа за кандидат кој директно ќе замине во Бундестагот. Вториот глас на избирачот одлучува за „тежината“ на одредени партии во Бундестагот.

Bundestagswahl 2021 | Briefwahl Auszählung in München 

На овие избори има поголем број граѓани кои гласале по пошта во споредба со претходните сојузни парламентарни избори

 

До рано попладнево одзивот на изборите беше помал отколку пред четири години. До 14:00 часот, според надлежниот за организација и надгледување на сојузните избори, Георг Тил, на гласање изглегле 36,5% од граѓаните со право на глас. Тоа е за 4,6% помалку отколку во 2017 година. Притоа, не се земени предвид гласовите на избирачите кои гласаат по пошта. Нивниот удел, годинава, како што се вели, е значително поголем отколку пред четири години.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Светските лидери го осудија големиот ирански напад врз Израел, а многу Иранци се загрижени дека …