Променливо облачно и релативно студено време

Променливо облачно и релативно студено време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно студено, со намалување на облачноста во текот на денот во одредени места, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а во североисточниот дел од земјава ќе биде претежно тивко. Во доцните попладневни часови ќе има повторно зголемување на облачноста.

Максималната температура ќе се движи од 2 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време, со утрински температури кои на повеќето места ќе бидат под нулата, особено в недела. Од утре по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.

В понеделник кон вторник ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …