Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и в,етровито, попладне со локални врнежи од дожд кои во западните подрачја ќе имаат пороен карактер со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, поради што ќе има транспорт на прашина од Африка и наместа појава на обоен дожд, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура се движи од 10 до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 17 и 24 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, а ќе дува и умерен до засилен јужен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 24 Целзиусови степени.
Од среда следува период на умерено облачно и топло време, со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Извор: МЕТА