Во нашата држава времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и засилен ветер, особено попладне. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни и проследени со грмежи. Слично време ќе се задржи и утре, недела, кога дождот и грмежите ќе бидат поинтензивни во попладневните часови. Температурата ќе се движи од 12 до 20 степени Целзиусови.