облачно време

Променливо облачно со температура до 25 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со зголемена облачност во јужните и западните делови.
Попладне и во ноќните часови ќе има слаби врнежи од дожд, претежно во југозападните и западните делови. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 6 до 14, а максималните од 19 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а во ноќните часови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и суво време со температури околу просекот за овој период од годината.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …