Променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд

Променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен, а попладне од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната највисока од 21 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурите ќе се движат од 14 до 25 Целзиусови степени.

Од УХМР информираат дека продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Во петок и сабота се очекува процесите да бидат послаби.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Превозниците бараат преодно решение за влез во Шенген-зоната

Превозниците бараат преодно решение за влез во Шенген-зоната

ЕУ и натаму нема решение за професионалните превозници од регионот, кои се соочуваат со сериозни проблеми поради …