Промовиран прирачникот „Живот со аутизам – Предизвици и стратегии за поддршка“ во Кабинетот на Претседателот

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска беше промовиран двојазичен прирачник  за семејства на деца со аутистичен спектар на нарушување  „Живот со аутизам – Предизвици и стратегии за поддршка“.

Прирачникот е резултат на долгогодишна посветена работа на авторите доц. д-р Стојан Бајрактаров, доц. д-р Насер Дурмиши, д-р сци Силвана Филипова и Билјана Крстевска-Кокорманова, а негови рецензенти се доц. д-р Ана Попоска, м-р Василка Галевска – Јовчевски и м-р Дита Торте – Чиче.

Организатори на промоцијата на прирачникот се ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје со поддршка на сопругата на претседателот,  Елизабета Ѓоргиевска.

Во своето обраќање на настанот, сопругата на претседателот истакна дека овој прирачник може да им помогне на членовите на семејствата подобро да ги разберат децата и младите со аутистичен спектар на нарушување.

„Покрај тоа што е информативен, прирачникот е и многу едукативен  бидејќи содржи стратегии што можат да ја подобрат комуникацијата и интеракцијата со лицата со аутистичен спектар на нарушување“, рече Ѓоргиевска.

Според Ѓоргиевска, оваа публикација е и наш заеднички влог во подигањето на јавната свест за аутизмот.

„Наша должност, како општество, е да не забораваме ниту еден член на нашата заедница. Различностите не треба да бидат пречка, туку можност да се истражи потенцијалот што секој поединец го носи во себе и на таков начин  да направиме простор да ги искаже секој од нас своите посебности и вештини “, истакна сопругата на претседателот додавајќи дека најтопло ја препорачува оваа публикација не само на членовите на семејствата кои живеат со аутизмот, туку и на целата македонска јавност.

На промоцијата се обратија и министерот за здравство, Венко Филипче, шефицата на канцеларијата на УНФПА во Република Северна Македонија, Афродита Шаља – Плавјанска, како и рецензентите и авторите на прирачникот.

Целта на промоцијата е подигнување на јавната свест за да се влијае врз промената на ставовите на луѓето кон лицата кои се различни, како и создавање на еднакви можности за сите преку помош на стручните лица за доедукација за развивање на современи третмани, помош на родителите за прилагодување на условите во домот, помош на училиштата за подобрување на условите и квалитетот на едукацијата на овие лица и создавање на услови за нивна квалитетна  инклузија во општеството.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …