Промовирана монографијата „15 години Инженерски прстен“

Промовирана монографијата „15 години Инженерски прстен“

Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, денес, ја промовираа монографијата „15 години Инженерски прстен“. Со промоција на монографијата, во Македонската академија на науките и уметностите, се одбележаа 15 години од првото доделување на Инженерскиот прстен, кој досега го добиле 150 најдобри студенти – инженери.

Според професор д-р Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија, станува збор за уникатно признание во регионот, но и многу пошироко, што овозможува преку наградување на најдобрите дипломирани студенти да се промовира инженерство и науката како стожери за развојот на општеството.

Промовирана монографијата „15 години Инженерски прстен“„Истовремено, овој чин ја нагласува елитноста што треба да ги поттикне младите за професионално усовршување, насочувајќи ги кон истражувања, развој на иновативната мисла и претприемништвото. Ова Признание за младите добитници, секако, значи успех, но претставува и голема одговорност, не само за нив, но и за нас, што го врачуваме. Ние, како две најголеми инженерски организации да работиме на изнаоѓање услови за професионален развој на најдобрите млади инженери што е еден од предусловите тие да останат во својата земја, градејќи успешна кариера. Носителите на прстенот го имаат предизвикот да останат достојни на честа што им е укажана и да продолжат да бидат најдобри, да бидат пример на своите колеги, но и поттик на помладите. Дека навистина сме ги одбрале најдобрите, покажува и големиот број добитници што сега се успешни универзитетски професори и истакнати професионалци во струката в и дека Признанието влијаело во трасирање на нивната успешна кариера, сведочат токму нивните изјави во ова монографско издание“, рече Спасевска.

За професор д-р Миле Димитровски, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, носителите на инжинерскиот прстен се избираат од првите пет најдобро рангирани универзитети во Република Македонија и од факултети со високи оценки за акредитацијата. Добитниците се пример дека треба да се вложува во себе, затоа што е важно и знаењето и оценките и навременото завршување на започнатото.

„Инженерскиот прстен не е само признаниe, туку е и обврска да се биде и да се остане најдобар. Тоа е повик да се проектира, да се гради и да се создава. Треба да се биде креативен и иновативен и да се продолжи со усовршување на своите вештини со надградба на своите знаења. Носителите треба да се стремат да бидат идните градители и учесници во напредокот и на благосостојбата на Македонија. Ние како Институции и поединци треба да направиме сé младите инженери да ги заземат своите места во компаниите, во образованието и во институциите на системот. Тие треба да бидат дел од столбовите на развојот а преку развојот на високите технологии да продонесат и за економскиот раст на државата. И многу повеќе од тоа – инженерите од техничките факултети треба да ја имаат имаат моќта да го менуваат светот и реалноста. Времето покажа, а оваа монографија тоа го одбележува, дека навистина биле избрани како најдобри од најдобрите и дека тие како носители на прстенот ја покажале својата дарба и моќ во сé што работат да бидат најдобри“, објасни Димитровски.

За ректорот на Универзитетот „Св „Кирил и Методиј“ – Скопје, професор д-р Никола Јанкулоски, доделувањето на признанието Инженерски прстен е традиционална и успешна манифестација.

„Традицијата ја отсликува 15-годишниот период во која се доделува ова признание и која ги обединува најквалитетните студентски инженерски умови. Успешна е затоа што ги препознава, вреднува и наградува најдобрите студенти од инженерските струки. Станува збор за единствено признание од ваков вид во Македонија, кое секако позитивно влијае на младите инженери“, рече Јанкулоски.

Професор д-р Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ја поддржува, застапува и со сето срце, ја поздравува идеајта издвојувајќи ги најдобрите од најдобрите.

„Инженерите, нивната креативност, умешност, знаење, се движечка сила, оној неопходен „spiritus movens“ на современата цивилизација. Нивниот потенцијал ни е потребен. Тие дизајнираат, проектират, градат, тие ги водат технолошките и индустриските процеси, тие ги управуваат комуникациско-информатичките процеси“, заврши ректорот Коруновски.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …