Промовирана програмата за одбележување на 1.000 години Охридска архиепископија

Низа културни и спортски настани ќе се случуваат во периодот од мај до декември во чест на одбележувањето на милениумскиот јубилеј „1.000 години од формирањето на Охридската архиепископија“, беше истакнато на денешната презентација на програмата во Охрид.

„Во програмата има културни, научни, уметнички како и спортски настани, издавање на публикации кои ќе наидат на голем интерес кај граѓаните, настани кои сметаме дека ќе го приближат значењето на Охридската архиепископија до граѓаните. Ги покануваме граѓаните од целата држава да го посетат Охрид за време на централната свеченост и да бидат дел од одбележувањето на милениумскиот јубилеј“, велат од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

На 27 мај во Катедралниот храм на охридските архиепископи Св. Софија ќе се одржи свечена академија, под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, а пригодни обраќања ќе има државниот и црковниот врв. Вечерта ќе се одржи и свечен концерт на камерниот оркестар на Македонската филхармонија.

На 28 мај во храмот Св. Софија со почеток во 9 часот ќе започне литургиското чествување, чиноначалствувано од архиепископот охридски и македонски г.г Стефан, во сослужение на членовите на САС на МПЦ-ОА, свештенството и монаштвото.

Градот Охрид програмата ја надополнува и со културни настани кои ќе се случуваат во периодот од 24 мај до 28 мај во центарот на Охрид.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …