веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство е новоформиран независен правен субјект кој одлучува за правото на паричен надоместок и за определување на видот и висината на паричниот надоместок на жртвите од кривично дело со насилство, информираат оттаму

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на правото на надоместок меѓу жртвите, институциите и јавноста.

„Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство е новоформиран независен правен субјект кој одлучува за правото на паричен надоместок и за определување на видот и висината на паричниот надоместок на жртвите од кривично дело со насилство“, информираат оттаму.

Веб-страницата, како што се додава, е формирана согласно Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство чија цел е да се обезбеди паричен надоместок за жртвите, како помош од страна на државата, согласно со начелото на општествена солидарност, како и да се спречи секундарна виктимизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат од односот на надлежните органи.

„Во изминатиот период, Комисијата постигна значителен напредок, вклучувајќи го правниот легитимитет за постапување како независно тело, усвојувајќи го Деловникот за работа и процедурата за поднесување барања за паричен надоместок, што претставува важен чекор кон олеснување на пристапот до правда на жртвите од кривично дело со насилство“, наведено е во соопштението.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Сомнежи за градежен картел, скопските станови по цени како во Аруба

Сомнежи за градежен картел, скопските станови по цени како во Аруба

И покрај намалените трошоци на градежните материјали и за вработените, цените на становите продолжуваат да …