На 02.11.2025 во 19:10 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје патничко возило „Volkswagen Tiguan“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (33) од Скопје, удрило во пешакот М.М. (79) од Скопје и потоа го напуштило местото на настанот.
Во несреќата, 79-годишната жена се здобила со тешки телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во „Комплекс клиники Мајка Тереза“ во Скопје.
По преземени оперативни мерки, на локалниот пат за Средно Водно е пронајден и лишен од слобода возачот А.А. Увид е извршен, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место