Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари изнесувала 24.517 денари, а бруто-платата 36.386 денари, објави Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари годинава во однос на јануари лани, е зголемена за два отсто, а бруто-платата за 3,3 отсто.
Растото се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности на здравствена и социјална заштита 9,6 отсто, рударство и вадење камен 8,3 отсто и образование 5,3 отсто.
Намалување на просечната месечна нето-плата во однос на претходниот месец, е забележано во секторите уметност, забава и рекреација за 21,4 отсто, информации и комуникации 19,8 отсто и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 14,3 отсто.