И во јуни продолжил порастот на платите на македонските граѓани. Просечната нето – плата во јуни изнесувала 25.205 денари. Индексот на просечната месечна исплатена нето – плата по вработен во јуни 2019 година во споредба со идентичниот месец лани изнесувал 104.1.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето – плата по вработен во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита (11.7 отсто), транспорт и складирање (10.3 отсто) и градежништво (5.4 отсто)“, се наведува во соопштението на Државниот завод за статистика.

Намалување на просечната месечна исплатена нето – плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (11.3 отсто) и рударство и вадење на камен (6.1 отсто).

Извор: МЕТА