На пограничната линија на Венецуела со Колумбија, демонстрантите се судрија со полицијата, при што најмалку 4 лица загинаа а неколку стотини се повредени. Привремениот претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо ја повика војската да му се придружи на народот и да помогне во уривањето на диктатурата на Мадуро. Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон на својот профил на Твитер ја повика армијата да му се придружи на Гуаидо.
„Венецуелската војска има избор, да ги заштити цивилите и да дозволи да влезе хуманитарната помош во Венецуела или да се соочат со повеќе санкции и изолација“ напиша Болтон на Твитер.
Судирите почнаа кога волонтерите се обидоа да ги внесат камионите со хуманитарна помош во Венецуела преку затворената граница со Колумбија, каде Мадуро постави војска. Со солзавец и гумени куршуми, војската ги запре демонстрантите кои се обидоа да превезат залихи храна и лекови. Според одредени групи за човекови права, запалени биле и повеќе камиони со хуманитарна помош.