Протоколарна средба на Заев со новата амбасадорка на Република Македонија во Обединетото Кралство, Александра Миовска

Протоколарна средба на Заев со новата амбасадорка на Република Македонија во Обединетото Кралство, Александра Миовска

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска оствари протоколарна средба со новата амбасадорка на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Александра Миовска.

На средбата се разговараше за платформата на амбасадорката Миовска за одржување на исклучително блиските и пријателски односи со Обединетото Кралство, развивање на економската соработка, соработката во областа на едукација на младите, одбрана и безбедност, како и интензивирање на соработката и комуникацијата со македонската дијаспора во Велика Британија.

Александра Миовска е долгогодишен професионален дипломат, од редовите на Министерството за надворешни работи.

Прочитајте повеќе

Превозниците бараат преодно решение за влез во Шенген-зоната

Превозниците бараат преодно решение за влез во Шенген-зоната

ЕУ и натаму нема решение за професионалните превозници од регионот, кои се соочуваат со сериозни проблеми поради …