Сите категории на стипендии се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година и се во износ од 6.050 денари, со исклучок на стипендиите за студиските програми по хемија, физика и математика, како и оние за земјоделските, ветеринарните и шумарските науки, кои изнесуваат 18.000 денари месечно.
Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии.
И годинава, според конкурсот, се предвидени 3.000 стипендии.
Сите категории на стипендии се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година и се во износ од 6.050 денари, со исклучок на стипендиите за студиските програми по хемија, физика и математика, како и оние за земјоделските, ветеринарните и шумарските науки, кои изнесуваат 18.000 денари месечно.
Од МОН велат дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал „e-uslugi.mon.gov.mk“.
Добитниците на стипендија не треба да доставуваат никакви испечатени и потпишани договори. Сите права и обврски околу користењето на стипендијата се наведени во решението.
Листите на студенти кои го оствариле правото да користат стипендија за секоја од групите може да се најдат на овие линкови:
Прва група
Втора група
Втора група – Студенти запишани на студиски програми по информатика на државни универзитети
Втора група – Студенти запишани на студиски програми по информатика на приватни универзитети
Трета група
Трета група – студии по земјоделски, ветеринарни и шумарски науки
Трета група – државни универзитети
Трета група – приватни универзитети
Трета група – студии по физика
Трета група – студии по хемија
Трета група – студии по математика
Четврта група