Прв видео запис на женското трио The Chiks

Прв видео запис на женското трио The Chiks

Женскиот музички состав The Chicks, го промовираше својот прв видео запис снимен со помош на „Витаминка“. Поддршката од „Витаминка“ за младото музичко трио значи навлегување на поп-рок музичката сцена и, воопшто, поддршка на македонската музичка продукција и нејзина популаризација особено кај младите.

Спотот е направен за песната „Ах тие очи“, што ветува да биде летен хит на девојките од Тhe Chicks – Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова, Моника Ѓорѓиева. Текстот за песната е авторство на трите девојки, а музиката и аранжманот се на Сашко Костов. Аудио продукцијата е потпишана од Дино Зуќиќ во студиото Dino’s Home Studio, а видео продукцијата е на Иво Иванов, Foto Video Studio Penta. Спотот што изобилува со импресивни летни пејзажи е сниман на локација на Велес и околината.

The Chicks се млад музички состав од Велес со доминантна женска енергија, што внесува освежување на македонската музичка сцена.

Спотот од песната е достапен на линкот

Прочитајте повеќе

поточиња 2024

Поточиња викендов седум пати ја наполнија Филхармонија

Новото издание на детскиот фестивал Поточиња кое се одржа викендов во Македонска Филхармонија привлече огромен …