Првата пратка обрасци за пасоши пристигнува на шести март

Првата пратка обрасци за пасоши пристигнува на шести март

Заменската министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска најави дека проблемот со недостиг на обрасци за пасош веќе се решава.

„Првата пратка очекуваме на шести март да биде испорачана и на тој начин ќе почнеме да се враќаме во една нормална состојба на испорака на патните обрасци“, рече Петровска.

При престојот денеска во СВР Штип, Петровска беше прашана и за мотивите за запалените возила, што беше појава во изминатиот период во Штип. Техничкиот министер, Наќе Чулев, неодамна рече дека се работи за „мафијашка пресметка“.

„Беа соопштени можности, сомнежи за тоа кои се сторители на овие кривични дела и не би сакала да дадам повеќе детали за да не им наштетам на колегите во истрагата. Но, од тоа што ме информираа, сериозно работат на расчистување на овие случаи и се на добар пат,“ изјави Петровска.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

медицина лекар

Влада: Веднаш после изборите ќе се подготват законски решенија за уредување на правата и одговорностите на специјализантите по медицина

На вчерашната 15-та седница, Владата ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство, во врска со …