УКИМ

Првиот рок за пријавување идни студенти на УКИМ е на 18 и 19 август

Идните бруцоши ќе можат да аплицираат за 8.851 место на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје во академската 2026/2027 година. Првиот рок за пријавување е на 18 и 19 август, а учебната година на 23 факултети на Универзитетот ќе започне на 1 октомври. Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 27 август, а запишувањето на примените кандидатите ќе биде на 3 и 4 септември. Вториот рок за пријавување за упис на УКИМ ќе биде на 10 и 11 септември и третиот на 23 септември на факултетите на кои ќе останат слободни места.

Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота, редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, 3621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, односно ги кофинансираат студиите и 835 за вонредни студенти. Студентите во државната квота ќе плаќање надомест за студиите во износ од 200 евра, додека пак, студентите во квотата за кофинансирање и вонредните студенти ќе плаќаат школарина од 400 евра.

Најголем број студенти ќе примат Медицинскиот факултет со 950 места, ФИНКИ со 800, ФЕИТ и Машински по 600, Природно-математичкиот со 626, Економскиот со 655, Правниот факултет со 555, Филозофскиот со 635 и Филолошкиот факултет со 805 места за идни студенти.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување во службата за студентски прашања.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Мицкоски Кочоска јавниот долг

СДСМ: Кочовска и Мицкоски незаконски го фингираат јавниот долг

Откако Социјалдемократскиот сојуз на Македонија јавно објави документ за ново планирано задолжување од 1,3 милијарди …