Првомајска честитка од градоначалникот Илија Јованоски

Честитајќи им го празникот,денеска испраќам апел до сите работодавци и сите работници, за почитување на законската регулатива особено во сферата на работничките права.

Работниците одговорно, посветено,трудољубиво да ја извршуваат својата работа, а нивниот вложен труд работодавците  да го наградат со плата, редовна исплата на придонесите за здравствено и пензиско осигурување и остварување на сите работнички права согласно со колективните договори, со законот, согласно со меѓународните конвенции.

Да се стави крај на мобингот и каква било дискриминација на работниците!

На овој начин, со заштита на достоинството на работниците, се јакнат и меѓучовечките односи во компаниите, се зголемува продуктивноста и ефикасноста во работата, се остваруваат демократските начела на нашето општество, се создаваат што подобри услови за отворање на нови работни места за одговорни, стручни кадри, јакне мотивот на младите своите перспективи да ги наоѓаат во својата животна средина.

Почитувани работници, мои сограѓани нека е честит Први Мај-Меѓународниот ден на трудот!

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …