Првпат по 2 септември 2020, ден без смртни случаи од ковид-19

Првпат по 2 септември 2020, ден без смртни случаи од ковид-19

Првпат по 2 септември 2020 година, не е забележан смртен случај од ковид-19. Министерството за здравство (МЗ) вели дека „вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме“.

Според последните статистики, за изминативе 24 часа, извршени се 3.068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на ковид-19 од: Скопје – 3, Тетово – 2, Велес, Кичево и Охрид- по 1.

Регистрирани се 9 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …