Стоп Полиција

ПС Прилеп: По спроведена Републичка контрола, изречени 23 мерки

Во деновите 22 и 23 јуни, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност – Прилеп, беше спроведена Републичка акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Во акцијата, полициските патроли презеле вкупно 16 мерки против лица кои управувале моторни возила под дејство на алкохол, а биле преземени и 7 мерки за констатирани други прекршоци.

Од ПС – ОН Прилеп информираат дека за време на акцијата, не биле забележани никакви проблеми.

Прочитајте повеќе

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Во Северна Македонија се потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, а околу 10.000 грла се угинати. Надлежните …