Пукнала цевка во СЈО, поплавени дел од доказите за „Империја“, „Триста“ и „Шпион“

Пукнала цевка во СЈО, поплавени дел од доказите за „Империја“, „Триста“ и „Шпион“

Дел од доказите за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“ на Специјалното јавно обвинителство биле поплавени, откако пукнала цевка од парното во објектот каде е сместено СЈО.

Од СЈО за емисијата „360“ на „АлсатМ“ потврдија дека минатата недела се случила поплава во нивниот објект и биле зафатени дел од документите собирани како докази за три предмети.

„Точно е дека поради дотраеност на севкупната инсталација за парно греење во објектот во кој е сместено СЈО, протече една од цевките, при што беше зафатена дел од документацијата за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“. Треба да се има предвид дека во ова Обвинителство документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не се ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување“, велат од СЈО.

Предметите „Триста“ и „Шпион“ се во фаза на судење, додека предметот „Империја“ е во фаза на истрага.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …