Пуштен во употреба модуларниот ковид центар во гостиварската болница

Пуштен во употреба модуларниот ковид центар во гостиварската болница

Во болницата во Гостивар денеска е пуштен во употреба модуларниот ковид центар. „Ова е модел што го имплементираме во сите градови во државата. Користиме болнички капацитет кој има 35 кревети, а целосно е опремен со медицинска опрема. Треба да пристигне и најсовремениот рентген апарат и ЕХО апаратот со сите потребни сонди за преглед, со што ќе го направи овој центар соодветен за третман на сите ковид пациенти, а во некои други услови да продолжи да служи како тријажен или ургентен центар“, потенцираше министрот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде дека во изминатиот период се направени значајни инвестиции во оваа јавно-здравствена установа која опслужува 200 илјади жители, кои гравитираат од општинитеа Гостивар, Маврово-Ростуше, Дебар, Врапчиште итн.

„Болницата е позната по својата експертиза, целосно се реновирани операционите сали, хируршкото одделение, а следува и реновирање на интерното одделение. Оваа година после многу години за првпат болницата во Гостивар ќе добие магнетна резонанца, што значи дека сите жители кои имаат потреба од таа услуга, повеќе нема да патуваат во Скопје. Во моментов состојбата со пандемијата во Гостивар е стабилна, меѓутоа граѓаните мора да продолжат со почитување на мерките за заштита“, истакна Филипче.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …