Пуштен во употреба Транс-анадолскиот гасовод кој е важен и за Македонија

Пуштен во употреба Транс-анадолскиот гасовод кој е важен и за Македонија

Пуштањето во употреба на Транс-анадолскиот гасовод (Trans Anatolian Natural Gas Pipeline – TANAP) е важно и за Македонија, бидејќи тој во делот на Грција продолжува во таканаречениот ТАП, (Транс-јадрански гасовод/Trans Adriatic Pipeline), оцени вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој присуствуваше на свеченоста во Едрене во близина на граничниот премин помеѓу Грција и Турција.

„Проектот кој што го имаме развиено за гасно поврзување со Република Грција би требало практично да црпи резерви на гас и од овој гасовод. Оваа гасна магистрала за нас е од исклучителна важност заради тоа што дава конкурентни цени на природен гас и нуди дополнителна алтернатива во снабдувањето со гас, кој моментално го набавуваме преку една гасоводна цевка. Во енергетиката секогаш е многу важно да имате сигурност на снабдување, сигурноста се добива доколку имаме повеќе извори на снабдување, а исто така е многу важна и конукрентноста, бидејќи на тој начин се влијае и на цената на гасот, односно можност за поевтин енергенс за граѓаните“, рече Анѓушев.

Тој информираше дека во февруари 2020 година, планиран е состанок во Баку, на којшто треба секоја од државите да изрази подготвеност односно предвидување која количина на гас ќе има за потреба за потрошувачка.

Во моментот ТАНАП има капацитет за пренос од 10 милијарди кубици гас годишно, со можност да се покачат на 16 милијарди кубици и потоа до 32 милјарди кубици гас годишно, што е крајната цел.

„Потребите на Турција се оценуваат некаде на ниво до 10 милјарди кубици гас годишно, перспективно во текот на годините, тоа значи дека ќе има доволно количини на гас и за земјите од Југоисточна Европа и Балканот и таму каде што цевката завршува, а тоа е Италија“, нагласи Анѓушев.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека Владата многу е заинтересирана за овој гасовод, имајќи предвид интерконекторот кој се гради до Грција, веќе од наредната година во јуни, се предвидува да биде пуштен во употреба и да се поврзе со ТАП.

Со 17,6 километри под Мраморно Море, главниот гасовод во Турција опфаќа вкупно 1850 километри, заедно со појдовните станици и надземните инсталации.

Целта на проектот ТАНАП е да донесе природен гас произведен во втората зона за гас во Шах Денис, Азербејџан и другите области во Каспиското Море, главно во Турција, но и во Европа. Проектот ТАНАП, заедно со јужно-кавкаскиот гасовод и транс-јадранскиот гасовод од елементите во јужниот гасоводен коридор.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

пошта

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Поштата е на работ на егзистенција, изјави денеска на прес-конференција пред Владата синдикалниот лидер Боро …