Пуштена веб-страницата „Vakcinacija.mk“, граѓаните можат да се пријавуваат за вакцинација против ковид-19

Пуштена веб-страницата „Vakcinacija.mk“, граѓаните можат да се пријавуваат за вакцинација против ковид-19

Министерството за здравство доцна попладнево информира дека е пуштена e во употреба веб-страницата „Vakcinacija.mk“ на која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против ковид-19.

-Секој заинтересиран граѓанин кој сака да прими вакцина, може да се пријави на веб-страницата. Потребно е да се пополни апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација. Со пополнувањето на формата, се регистрирате директно во националниот систем „Мој Термин“- соопштија од Министерството за здравство.

Додаваат дека сите апликации што ќе пристигнат, ќе бидат внесени во таа база, со што ќе се ажурира податокот што за секој пациент го гледа матичниот лекар. Нема потреба дополнително пациентите да го бараат или да го информираат својот матичен лекар дека се регистрирале за да примат вакцина.

-Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ги повика и ќе ги информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата. Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација на Република Северна Македонија- информираат од ова министерство и нагласуваат дека единствениот начин за да го победиме вирусот е со вакцинацијата, дека вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи како и сите други вакцини досега.

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …