Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ќе допатува во посета на Белград. Според информациите од српските медиуми, во текот на посетата ќе бидат потпишани над 20 спогодби и ќе бидат разгледани повеќе политички прашања, меѓу кои и она за Косово.

Путин ќе го пречека српскиот претседател Александар Вучиќ, а после официјалните разговори, во вечерните часови ќе ја посетат црквата „Свети Сава“, каде што е најавено одржување на собир.

Ова е прва посета на Путин после пауза од 5 години. Путин и Вучиќ досега се сретнале 17 пати, последен пат минатиот октомври во Москва.