Работа со џудисти на возраст од 12 до 14 години - главна тема на семинарот „Подобри го својот клуб“

Работа со џудисти на возраст од 12 до 14 години – главна тема на семинарот „Подобри го својот клуб“

Џудо федерацијата за прв пат ќе организира семинар посветен на подобрување на работата на тренерите во џудо клубовите. Предавач на семинарот кој оваа сабота и недела, 29 и 30 јануари, ќе се оддржи во спортскиот центар „Кале“ во Скопје ќе биде Фредерик Демонфакон, ЕЏУ експерт од Франција 6 ДАН, кој е и лидер на проектот „Подобри го својот клуб“. Покрај Демонфакон, на семинарот како висок претставник на ЕЏУ ќе биде присутна и Џејн Бриџ, потпретседателка на Европската Џудо Унија.

Согласно агендата, Демонфакон ќе одржи четири сесии практична работа со македонските тренери, на кои темата ќе биде работа со џудисти на возраст од 12 до 14 години. За разлика од Демонфакон кој своите знаења и искуства ќе ги пренесе на татамите, Џејн Бриџ ќе ги информира македонските тренери и клубови за тековните и идни проекти на ЕЏУ.

Во рамките на семинарот ќе им биде обновена лиценцата за работа на постоечките џудо тренери, ќе бидат издадени и нови лиценци за работа на џудо тренерите кои ги исполнуваат условите од Правилникот за едукација и лиценцирање на џудо тренери.

Семинарот кој е дел од проектот „Подобри го својот клуб“, се одржува под покровителство на Џудо федерацијата и Европската Џудо Унија и истиот е одобрен по одржаните состаноци во Луксембург.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …