Работен состанок на градоначалникот Јованоски со директорите на основните училишта

Работен состанок на градоначалникот Јованоски со директорите на основните училишта

Градоначалникот Илија Јованоски, денеска одржа работна средба со директорите на основните училишта од општина Прилеп. Средбата се одржa на негова иницијатива, во пресрет на почетокот на второто полугодие од учебната 2018/2019 година.

Работен состанок на градоначалникот Јованоски со директорите на основните училишта

Градоначалникот и директорите разговараа за условите во кои прилепските основни училишта го дочекуваат продолжението на школската година. Притоа, беше потенцирано дека училиштата имаат обезбедено дрва и нафта до крајот на грејната сезона и дека не постојат никакви посериозни проблеми за почеток на наставата.

Во текот на утрешниот ден, градоначалникот Јованоски ќе оствари средба и со директорите на прилепските средни училишта.

Прочитајте повеќе

Герила акција на Партизанска, поставена чекална – симбол на корупцијата во здравството

Герила акција на Партизанска, поставена чекална – симбол на корупцијата во здравството

Чекална која ги симболизира најчестите форми корупција во здравството утринава беше поставена на скверот помеѓу …