Работна посета на претседателот Стево Пендаровски на Брисел

Работна посета на претседателот Стево Пендаровски на Брисел

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, од утре (12 јуни 2019 година, среда) ќе престојува во работна посета на Брисел.

Претседателот Пендаровски ќе оствари одвоени билатерални средби со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и со заменик-претседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.

За време на работната посета на Брисел, претседателот Пендаровски ќе се обрати на трибина организирана од „Пријателите на Европа“, водечка тинк тенк организација која ги поврзува луѓето, ја стимулира дебатата и предизвикува промени за да создаде повеќе инклузивна, одржлива и прогресивна Европа. Претседателот ќе говори на тема „Северна Македонија и нејзината потрага за евроатлантска интеграција“.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …