Работните групи во Атина работат на техничките делови од договорот

Работните групи во Атина работат на техничките делови од договорот

Додека македонската влада не открива детали, а грчката бара трпение, опозициската ВМРО ДПМНЕ, но и грчките медиуми објавуваат конкретни точки од планот за решавање на спорот со името.

Според планот што го објавија грчките медиуми, но и поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, доколку двајцата премиери постигнат договор, истиот ќе го потпишат на почетокот на месецов во Преспа.

Договорот ќе треба да помине во Собранието, за што ќе биде потребно мнозинство од 61 пратеник. Ако договорот помине во Собранието, Грција ќе испрати писмо до НАТО за да одобри прием на Македонија во НАТО и писмо до Унијата за поддршка за почеток на преговорите.

На 28 јуни Заев ќе биде поканет на самитот на ЕУ официјално да го прими датумот за почеток на пристапни преговори. На 11/12 јули Скопје ќе ја прифати официјалната покана за НАТО.

Според планот референдум за името би се одржал во октомври, со кој Заев ќе треба да покаже дека мнозинството граѓани ја прифаќаат рамката за промена на името.
Договорот за промена на името ќе дојде за гласање и пред грчкиот парламент, по што ќе почне процесот на ратификација во другите земји членки на НАТО

Целиот процес би завршил кога на крај кога ОН, ЕУ и НАТО ќе го признаат новото име.
Македонското министерство за надворешни работи засега нема никаква реакција за објавениот план.

Извор: 24 Вести

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …