Ракетни напади на аеродромот во Лавов

Ракетни напади на аеродромот во Лавов

Аеродромот во западноукраинскиот град Лавов изутринава е цел на руски ракетни напади.

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј, на Телеграм соопшти дека на аеродромот имало тешки експлозии. Притоа, како што се додава, не бил погоден самиот аеродром, туку работилница за поправка на авиони. Жртви, според првичните информации, нема. Садовиј ги повика жителите на градот да внимаваат на алармот за воздушна опасност.

Лавов се наоѓа на 80 километри од границата со Полска. Во текот на изминатите три недели, откако почна руската инвазија на Украина, во градот беше релативно мирно, но тој е полн со бегалци.

Ukraine | Rauchwolke über LwiwЧад од фабричка зграда во близина на аеродромот во Лавов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ноќеска соопшти дека Украина сѐ уште ги има под контрола областите во кои се обидуваат да навлезат руските трупи. Зеленски се обрати особено до луѓето во Мариупол, Харков и Чернихив, чии градови претрпеа големи штети. Тој ги уверува дека не се оставени на цедило. „Ќе бидете слободни“, им порача претседателот Зеленски.

– повеќе: Украина – неутрална како Австрија: Дали е тоа решението?

Во врска со ситуацијата околу Киев, се вели дека Украина се бори против руските сили и се обидува да ги истера противничките трупи од селата околу главниот град. Ситуацијата е тешка, но е под контрола. Армијата одговара на секој руски напад, рече Зеленски во видео порака .

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Светските лидери го осудија големиот ирански напад врз Израел, а многу Иранци се загрижени дека …